Молња усмрти 323 елени во Норвешка

Повеќе од 300 елени беа усмртени од гром во Норвешка, во петокот на 26-ти август 2016 година, во она што владините претставници го опишаа како невообичаено смртоносен настан.

Не е невообичаено диви животни да бидат убиени од гром, но е невообичаено да бидат убиени во толку голем број. Па што го направи ова невреме толку смртоносно?

Повеќето случаи на смрт од гром кои се јавуваат во група се должат на струјата во земјата, објснува Џон Џенсениус, експерт за гром од Националната океанска и атмосферска администрација за „The Verge“.

Најпрво има директен удар, што е и првото нешто на што луѓето мислат кога ќе помислат на гром, како кога громот удира во дрво или во земјата во близина. Но, потоа енергијата се шири по површината на земјата и ако се наоѓате во близина на местото на удар, ќе бидете погодени.

Токму тоа се случило со овие 300 елени, кои најверојатно како резултат на нивниот природен инстинкт биле стуткани еден до друг за време на невремето.

Струјата патува по едната нога и излегува од другата, но поради големото растојание помеѓу нивните предни и задни нозе, додека струјата патува низ нив создава голема разлика во потенцијалот. Тоа, во комбинација со влажната почва и големото количество на дожд, како и близината на телата допрени едно до друго, претставува одличен спроводник на струјата.

Последните пребројувања покажуваат 323 мртви елени од кои 5 биле еутанизирани поради тешките повреди.

Поддржете ја нашата работа: