Морално заработените пари се попривлечни за мозокот

Новото истражување покажало дека човечкиот мозок реагира послабо на неморално реализирани пари отколку на парите заработени на пристоен начин.

Сега научниците од Универзитетот во Лондон се надеваат дека ова откритие ќе помогне да се објасни зошто повеќето луѓе се воздржуваат од незаконско земање на пари.

Научниците ги набљудувале процесите кои се случуваат во мозокот во однос на стекнување пари на различни начини.

“Кога донесуваме одлуки, целата мрежа на разни области во мозокот пресметува колку се вредни индивидуалните можности. Парите добиени на неморален начин резултираат послаб одговор на оваа мрежа, што можеби објаснува зошто повеќето луѓе сепак не сакаат да профитираат додека тоа им штети на другите. Нашето истражување покажува дека така стекнатите пари, едноставно не се привлечни”, вели Д-р. Моли Крокет, главен автор на студијата.

Научниците скенирале мозоци од волонтери додека тие одлучувале дали се во состојба да си наштетат себе си или на другите во замена за пари. 28 парови од учесниците се поделени на оние кои одлучуваат и оние кои примаат електрични шокови.

Оние кои одлучувале, избрале различни количини на пари за различен број на електрични шокови. Половина од одлуките се однесувале на шокови кои си ги нанесувале самите на себе си, а половина за шокови кои се однесувале на други лица. Пари добивале во секој случај. Електричните шокови биле наместени да бидат благо болни и да се толерираат.

Луѓето кои донесувале одлуки биле подложни на магнетна резонанца. Како што ги донесувале одлуките, мозочната мрежа наречена стратиум, се активирала, а претходните истражувања покажале дека станува збор за област во мозокот која се занимава со пресметување.

Додека учесниците одлучувале помеѓу профитабилни опции или оние со помалку електрични шокови, оваа мрежа во мозокот сигнализирала колку е добра таа опција. Мрежата послабо одговарала на парите кои се добиени при повредување на другите, но само кај лицата кои биле навистина морални.

Важна цел на идните истражувања би требало да биде разбирањето кога и како оваа мрежа е дистрибуирана во контекст како антисоцијалното однесување.

 

Поддржете ја нашата работа: