Мов како алтернатива за канабис?

Мововите се растенија кои се широко распространети во природата. Тие живеат на разновидни почви, меѓутоа најчесто на тресетна подлога, мочурливи ливади, шумски мочуришта, водопади, влажни камења итн.

Во Швајцарија се проучува необичен чај од мов, чија главна супстанца на интернет се продава како легална дрога. Откриено е дека неговата активна состојка има сличен или посупериорен ефект за ублажување на болка и антиинфламаторно својство како тетрахидроканабинолот (познат како ТХЦ) во канабисот.

Приказната започнува онаму каде еден вид на мов треба да стане потенцијална алтернатива за медицинскиот канабис. Во 1994 година, јапонскиот фитохемичар Јошинори Асакава, открил како еден редок вид на мов (Radula perrottetii) произведува природна перистетична супстанција (ПЕТ).

Radula perrotteti по потекло е од Јапонија, Костарика и Нов Зеланд. Утврдено е дека нејзиниот ПЕТ е поврзан со ТХЦ, по тоа што нивните атоми се поврзани на сличен начин. Се разликуваат по тродимензионалната структура и по дополнителната бензилна група.

Научниците од Универзитетот во Берн ги испитуваат ефектите на ПЕТ и неговата сличност со канабисот.“Неверојатно е како само два вида на растенија, разделени со 300 милиони години на еволуција, произведуваат психоактивни канабиноиди”, вели авторот на студијата, Јург Гертш.

Во студијата, објавена во списанието Science Advances тестирани се неколку глувци. Една група со ПЕТ инјекција, а другата со ТХЦ инјекција.

ПЕТ брзо ги активирал канабиноидните рецептори во мозокот на тестираните глувци. Исто така, се чини дека има посилен антиинфламаторски ефект од ТХЦ. Од друга страна, не се активирале канабиноидните рецептори поврзани со еуфоријата како што секогаш е случај со ТХЦ.

“Оваа природна супстанција поседува послаб психоактивен ефект, и истовремено може да ги инхибира воспалителните процеси во мозокот”, објаснува Андреа Чика од Институтот за биохемија и молекуларна медицина во Берн.

Научниците се надеваат дека нивната работа ќе го отвори патот за терапевтска употреба на ПЕТ, и тоа на сличен начин на кој ТХЦ се користи за лекување на разни хронични заболувања.

Поддржете ја нашата работа: