Научници одгледале канабис користејќи ГМО пивски квасец

СПОДЕЛИ

Научниците успеале да го употребат квасецот за производство на канабиноиди (природни супстанции кои можат да се најдат само во коноп).

Научниците успеале, шеќерот кој се наоѓа во пивскиот квасец (saccharomyces cerevisiae), наречен галактоза, да го претворат во тетрахидроканабинол (ТХЦ), главната психоактивна супстанца на канабисот.

После тоа генетски модификуваниот квасец го претвориле во канабидол (ЦБД), уште еден голем канабиноид кој во последно време го привлекува вниманието на јавноста поради своите потенцијални терапевтски предности, како неговото делување против анксиозност и болка.

Научниците се надеваат дека овој процес на ферментација ќе овозможи поефтино, поефикасно и посигурно производство на ТХЦ, ЦБД и другите ретки канабиноиди, од класично производство по природен пат, односно одгледување на растителна база.

Биологот Џеј Кеслинг од Универзитетот Калифорнија и неговиот тим, модифицирале неколку гени од пивски квасец со тоа што им додале други гени од уште 5 видови на бактерии од растението канабис. Им биле потребни вкупно 16 генетски модификации за да ја трансформираат галактозата во ТХЦ и ЦБД. Произвеле околу 8 милиграми ТХЦ по литар и помало ниво на ЦБД.

Некои научници сметаат дека ферментацијата на квасецот можеби сепак не е најдобар начин за производство на канабиноиди. Компанијата Trait Biosciences, со седиште во Торонто се занимава со генетски модификации на канабис со цел за индустријата за пијалоци да произведе канабиноиди растопливи во вода.

Тие исто така, работат на подобрување на ефикасноста на производството, односно на тоа што секој дел од ткивото на растението, а не само неговите жлезди кои лачат канабиноиди, да создаваат активна супстанца.

“Се што ќе направите во квасецот, можете да го направите и во самото растение, со поголема чистотија и ефикасност”, вели Ронан Леви, лидер за развој на компанијата Trait Biosciences.

Дискусија

Коментари