Може ли да се преживее истрел во главата?

Во 2014 година, според Центарот за контрола и превенција на болести, 33.736 луѓе во САД биле жртви на огнено оружје. Истражувачите на една нова студија развиле алатка за предвидување на можноста за преживување на една личност по прострелна рана, па дури и со повреда на главата.

Оваа алатка за предвидување на преживувањето е наречена „SPIN-Score“, кое всушност е кратенка од преживување на продорна повреда на мозокот, и предвидува дали луѓето ќе преживеат со точност од 96 проценти.

За да ја развијат оваа алатка, истражувачите погледнале 10 години назад во податоците на пациентите од центрите за траума кои искусиле продорни повреди на мозокот – кои во повеќето случаи биле предизвикани од истрели. Тимот обрнал посебно внимание на факторите поврзани со преживувањето на повредите во болницата, како и по 6 месеци. Истражувањето покажало дека најсилните предиктори за преживување биле зениците кои реагираат на светлина и како тие се движат како одговор на стимулации.

Во оваа студија, алатката „ SPIN-Score“ рангирала од 4 до 52, со тоа што повисокиот рејтинг значел поголеми шанси за преживување. Оние кои имале резултат од 35 и повисоко имале 98 процентна шанса за преживување, додека пак оние со 20 или помалку само 3 проценти. Во оваа група немало пациенти со резултат од 16 или помалку кои преживеале.

„Прострелните рани се причина број еден за продорните трауматски повреди на мозокот. Голем дел од нашето знаење за ваквите повреди доаѓа од бојното поле, не од престрелките помеѓу цивилите. Да се биде во можност да се утврди просечната шанса за преживување на еден човек, може да им помогне на докторите како и на семејствата при донесувањето на важни одлуки за медицинскиот третман“- изјавува во соопштението Сузан Мулшлегел, авторот на студијата.

Сепак, потребни се повеќе истражувања за „SPIN-Score“ да се провери и одобри – додава таа.

Поддржете ја нашата работа: