Можеби кокошките и не се толку глупави како што мислите. Истражувачите кои ја погледнаа богатата научна литература за птицата, открија дека кокошките се способни за емпатија, логика, па дури помалку и за правење трикови.

Кокошките се неверојатно паметни и ја разбираат животната средина, се вели во новиот преглед на научна литература на оваа тема.

Студијата е направена од страна на организацијата за заштита на животните во САД “Farm Sanctuary.” Во неа се зборува дека кокошките со нивните когнитивни и емоционални способности се еднакви на малите деца, приматите или некои птици кои вообичаено се сметаат за далеку поинтелигентни од возрасен човек.

Со нивната иницијатива наречена “The Someone Project,” од организацијата се надеваат дека кај луѓето ќе предизвикаат сочувство за овие домашни животни.

Истражувачите Лори Марино и Кристина М. Колвин анализирале голем број публикации за да се соберат во една студија од повеќе истражувачи кои биле во потрага по однесувањето на кокошките. Тие откриле дека еден мозок од кокошка со големина на орев е способен за повеќе отколку што би можело да се очекува.

Според Марино, поранешен професор на Универзитетот Емори во Грузија, кој сега е центар за заштита на животните, кокошките се софистицирани во однесувањето, делат неколку основни аритметички капацитети и имаат личност (идентитет) – секоја засебно.

Според една од студиите, дури и пилињата можат да сметаат и направат разлика од помал и поголем објект. За потврда на студијата направен е тест со жолти пластични јајца.

Тие имаат сеопфатна способност да размислуваат во три димензии, заедно со одредена способност за мултитаск. Имаат способност додека бараат храна да го одредат степенот на пријателство кои го имаат животните во нивната околина, додека истовремено го набљудуваат небото и дали има птици кои би претставувале опасност за време на нивниот оброк.

Нивниот најважен сетилен орган е клунот со кој чувствуваат мирис, вкус и допир. Секоја повреда на клунот им предизвикува значителен степен на болка.

Меѓусебната комуникација на кокошките исто така е сложена. Тие имаат 24 различни звуци и голем број на визуелни сигнали. Способни се да гледаат временски интервали и да прават планови во врска со настаните во иднина. Учат едни од други и се под влијание на нивните мајки.

Чувството на вознемиреност не е туѓ концепт за кокошките. Кога ветерот е ладен и на пилињата им летаат пердувите, кај мајката се развиваат истите симптоми на стрес како и кај нејзиниот потомок. Оттука во студијата се вели дека кокошките се способни за емпатија.

“Да се биде во можност да се разбере околината на едно такво ниво, е способност која се јавува кај мал број на видови, како приматите и гавранот.“ велат истражувачите.

Истражувачите исто така биле збунети од капацитетот на кокошките за затајување и измама. Мажјаци од понизок ранг на пример, може да се обидат да ја намамат женката со тоа што им отстапуваат храна и се откажуваат од додворување. Така алфа мажјакот не се сомнева во намерата, додека обичниот мажјак ја става женката на дополнително размислување.

“Расположливите истражувања на кокошки се доста сугестивни,” велат од организацијата.

Доколку им дадете шанса на кокошките, ќе видите дека самата единка бара повеќе почитување и разбирање за да може да се изрази. За жал, насекаде низ светот тие се најмногу конзумирана исхрана за човекот.

 

Поддржете ја нашата работа: