Мозокот на шизофреничарите може да се обновува?

Handmade Software, Inc. Image Alchemy v1.14

Научниците открија нови докази дека мозокот заболен од шизофренија би можел да се реорганизира и да се бори против болеста. Ова е само еден чекор напред кон разбирањето на оваа болест која според проценките влијае на повеќе од 21 милион луѓе низ целиот свет.

Новото истражување открива дека кога станува збор за волуменот на сивата материја, овој ефект на поправање со текот на времето прави мозокот на шизофреничарите да се развива како мозокот на луѓето без оваа болест, што би можеле да помогне во пронаоѓањето на нови третмани.

За потребите на истражувањето биле анализирани 98 лица со шизофренија и 83 лица без. По скенирањето на мозокот, кај лицата со шизофренија било откриено мало зголемување на ткивото во одредени делови од мозокот, а намалување на сивата маса во други области.

Ова се спротивставува на досегашното утврдено и општо прифатено гледиште дека шизофренијата е болест која трајно го оштетува мозочното ткиво уште во почетната фаза, што не може да се промени.

schizophrenia-brain

Иако ова е мало истражување со релативно мал број на пациенти, доколку би можеле да се повторат истите наоди, тоа би можело да сигнализира сериозна промена во начинот на кој научниците и докторите размислуваат и ја третираат болеста.

„Нашите резултати покажуваат дека и покрај сериозноста на оштетувањето на ткивото, мозокот на шизофреничарите постојано се обидува да се реорганизира, можеби за да се спаси себеси или да ја ограничи штетата од болеста“, вели еден од истражувачите од Институтот за здравство Лосон во Канада.

Научниците се’ уште не знаат што ја предизвикува шизофренијата и повеќето лекови и терапии се дизајнирани за да ги намалат последиците од болеста и да им овозможат на лицата со шизофренија да живеат понормален живот. Доколку се развие ова истражување, би овозможил нов увид во болестам како и нови начини за борба против неа.

Истражувањето е објавено во „Psychology Medicine“.

Поддржете ја нашата работа: