На продажба уникатен соларен автомобил

Ова е единственото возило од ваков вид и за неговата изработка биле потребни години, бидејќи секој дел бил дизајниран и составен рачно.

Возилото, наречено „21Connect“, има поминато само 4,000 км досега, и заврши петто на трката со соларни возила (World Solar Challenge) во 2011 година. Продажбата беше најавена на 8 мај оваа година на најпопуларните холандски онлајн огласи „Marktplaats.nl“ со почетна цена од само 150 евра, која забрзано растеше и до 13 мај достигна 385 илјади евра.


„Solar Team Twente“ планира да ги искористи парите за создавање на ново соларно возило кое ќе учествува на трката во октомври оваа година.

„Ова не е шега“, изјави Џастин Волтерс, официјален претставник на тимот. „Сакаме да го продадеме возилото на сериозен купувач кој ќе му го даде местото што го заслужува“.

Поддржете ја нашата работа: