Најголемата пирамида на светот е скриена под планина во Мексико

Иако Големата пирамида во Гиза е најпознатa во светот, таа сепак не е најголемата пирамида. Оваа титула и припаѓа на Големата пирамида во Чолула. Пирамидата претставува антички храм на Ацтеките, во Пуебла, Мексико. Има база четири пати поголема од пирамидата во Гиза и речиси два пати поголем волумен.

И покрај својата големина, оваа структура често останувала незабележана, веројатно затоа што е практично скриена под слоеви од земја, што ја прави да изгледа како природна планина.

Дури и познатиот Шпански конквистадор Ернан Кортес целосно ја превидел и изградил црква над неа, како што може да се види на сликата.

Пирамидата е позната како „Tlachihualtepetl“ – (што значи „планина направена од човек“). Сознанијата за тоа од кога потекнува пирамидата се оскудни, иако постои општа согласност дека е изградена околу 300-тата година п.н.е., од страна на разни заедници, во чест на античкиот бог Кецлкоатл.

CholulaPyramidHeader_1024Како што пишува „BBC“, пирамидата веројатно била изградена од ќерпич -вид на тули направени од печена кал. Има шест слоеви, поставени еден над друг , кои ги граделе многу генерации. Секојпат кога еден слој ќе бил завршен, изградбата ја преземала нова група  работници.

Постепената изградба овозможила пирамидата да достигне вакви големи размери. Со база од 450 на 450 метри, пирамидата во Чолула е четири пати поголема од Големата пирамида во Гиза. Со височина од околу 66 метри, пирамидата има вкупен волумен од околу 4,45 милиони кубни метри, додека Големата пирамида во Гиза има волумен од само 2,5 милиони кубни метри, иако има поголема височина која изнесува 146 метри.

378D78D800000578-3756914-image-a-17_1472064632087Античките Ацтеки најверојатно ја користеле Големата пирамида во Чолула како место за богослужби, отприлика 1000 години пред да се преселат во помали места во блиската околина.

Пред да биде заменета со понови структури, таа била внимателно украсувана со црвени, црни и жолти инсекти. Но, без да бидат соодветно одржувани, тулите од кал послужиле како основа за раст на сите видови тропски растенија.

„Според археологот Дејвид Карбало, пирамидата била напуштена некаде помеѓу 7-от и 8-от век од н.е.

Кога Кортес и неговите луѓе пристигнале во Чолула, во октомври 1519 година (околу 1800 години откако пирамидата била изградена), тие масакрирале 3.000 луѓе за само еден час и срамниле со земја многу од нивните верски објекти. Но, пирамидата никогаш не ја допреле, бидејќи не ја виделе.

Во 1594 година, откако го зазеле градот и го прогласиле за свој, тие ја изградиле црквата  „La Iglesia de Nuestra Señora de Los Remedios“, на врвот на скриената пирамида.

2813487412_8d05bfb35c_zНејасно е дали Ацтеките знаеле дека тулите ќе бидат обраснати од растенија и со време ќе ја закопаат целата структура, но фактот дека повеќе личи на рид отколку на пирамида е веројатно единствената причина што таа преживеала до денес.

Според „ВВС“, не само што е најголемата пирамида, туку ја носи и титулата за најголем споменик што е изграден од некоја цивилизација до денешен ден.

Пирамидата не била откриена се до почетокот на 1990-тите, кога локалните жители почнале да градат психијатриска болница во близината. До 1930 година, археолозите го започнале откопувањето преку серија од тунели со должина и до 8 километри за да пристапат до пирамидата.

Сега, 2.300 години после нејзината изградба, пирамидата претставува позната туристичка дестинација.

Поддржете ја нашата работа: