Најголемиот проблем на солта

Регионите кои се изложени на ризик од суша произведуваат околу една третина од глобалното снабдување со храна, а со зголемувањето на нивото на сол, културите се изложени на ризик од сушење. 

Солта е природен дел од почвата на целата планета. Нормално, ова не претставува проблем, бидејќи при влажна клима солта најчесто се раствора со дождот и преминува во подземните води, или пак при сува клима се собира во долните слоеви на почвата бидејќи корените на растенијата наоколу ја впиваат сета вода.

Овие системи функционираат добро, се додека не се променат растенијата или нивото на водата. Токму тоа и се случува во посувите региони. Фармерите садат растенија со помали корени кои не впиваат толку многу вода, па така така поголемиот дел од водата завршува под земјата што предизвикува да се зголеми нивото на водата. Како што нивото се зголемува, ги раствора сите депозити на сол во почвата и ги носи до корените на растенијата. Тоа го отежнува процесот на впивање на водата и растенијата дехидрираат, дури и кога има доволно дожд. Дехидрираните растенија растат многу бавно или умираат, што доведува до помалку храна за нашата постојано растечка популација. Кое е решението на овој проблем? Погледнето го видеото.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt