Најмалиот и најреткиот делфин ќе исчезне за 15 години

Популацијата на Cephalorhynchus hectori maui“ – најмалиот и најреткиот делфин на земјата, e најмала досега, со помалку од 50 единки останати во Нов Зеланд.

Затоа, истражувачите повикуваат на итни мерки за да се спречи истребувањето. Доколку не се преземат значителни мерки за заштита, овие делфини ќе исчезнат во рок од 15 години.

Овие делфини се подвид на “Cephalorhynchus hectori“Cephalorhynchus hectori“ кој може да се најде само во Нов Зеланд. Може да живеат до 20 години, што е значително помалку отколку другите видови на делфини. Овие делфини се загрозен вид и нивната популација опаѓа уште од 1970-тите години. Истражувачите проценуваат дека стапката на опаѓање од 1970 до 2009 изнесува застрашувачи 93%.

Со оглед на тоа што живеат на само неколку километри од брегот, многу од нив често се заплеткуваат во рибарските мрежи и умираат. Луѓето се одговорни за голем дел од смртните случаи и истражувачите ја критикуваат владата на Нов Зеланд затоа што досега не поставила ефективно ограничување на рибарската опрема, а со тоа и заштита на делфините.

Популацијата на овој вид делфини многу бавно се зголемува бидејќи женките раѓаат едно дете на секои 2 до 4 години, што значи дека ќе биде потребно многу време за да се опорават.

Поддржете ја нашата работа: