Првиот „PL-01“ прототип тенк ќе биде тестиран во рок од неколку години и научниците предвидуваат дека ваквата технологија ќе може да се додаде и во структурата на војничките униформи, правејќи ги речиси невидливи за голото око.
Прв предизвик е континуираното прилагодување на пикселите со околината. Секој воен елемент мора да биде заштитен од откривање, но кога станува збор за примената и активноста на војниците во различни средини, од клучно значење е секое движење на војникот од една до друга точка да биде ефикасно камуфлирано.
Тимот работи на активен систем кој се прилагодува толку брзо што може да ги камуфлира дури и објектите кои се движат.
Технологијата што ќе се користи за создавање на „Камелеон“ системите е веќе воспоставена и функционира на тој начин што со камера се снима околината, а потоа компјутерот ги анализира и ги испраќа податоците за да се смени бојата на електрохроматските плочи.
Досега, промените на боите се видливи само со помош на инфрацрвена камера. Тенкот „Камелеон“ е се уште во рана фаза, меѓутоа научниците претпоставуваат дека првиот функционален прототип ќе биде готов за неколку години.