Запознајте го новиот робот – камелеон

Погледнете го овој колоритен карактер – тоа е робот камелеон.

Гупинг Ванг и неговите колеги од Универзитетот Вухан во Кина ја креирале оваа технологија за камуфлажа, која би можела еден да им овозможи на воените возила или на панцирите перфектно да се спојат со позадината.

Овој камелеон претставува 3Д-печатен модел прекриен со плазма дисплеи, кои создаваат светлина преку искористување на интеракцијата помеѓу нано структури и електрични полиња. Истражувачите ги направилe овие дисплеи така што зеле лист стакло во кое има мрежа од дупчиња со дијаметар од 50 нанометри и во нив ставиле злато. Со ова формирале златни куполи во дупчињата, а потоа листот го поставиле во обвивка исполнета со електролитен гел кој содржи сребрени јони.

Кога светлината ќе допре до златните нано структури создава бранување на електроните, кои  се нарекуваат плазмони, што ги одредува неговите рефлектирачки и апсорбирачки својства – во овој случај прават листот стакло да изгледа црвено. Кога ќе се аплицира електрично поле, дел од сребрените јони се таложат на златните куполи, со што ги менуваат нивните својства и продуцираат различни бои. Кога ќе се смени електричното поле од овие јони, повторно се враќа црвената боја.

Тимот експериментирал со различна јачина и траење на електричното поле, за да видат кои бои може да ги направат. За да ја имитираат способноста на кожата од камелеонот за менување на бојата, користеле сензори за светло за препознавање на бојата од  позадината и применувале соодветно поле.

Засега, сензорите може да ги препознаат само основните бои – црвена, зелена и сина. Понапредните системи би требало да ги распознаваат сите бои. Ова би му овозможило на механичкиот камелеон потолно да се спои со околината“ – вели Вонг.

Ако научниците успеат да ги направат овие напредни сензори минијатурни, истиот принцип би можел да се икористи за развој на адаптивни камуфлажни системи за воени цели.  

Истражувањето е објавено во „ACS Nano“

Поддржете ја нашата работа: