Изненадувачко откритие за камелеоните

Предводени од биологот Мишел Милинковиќ, научниците откриле дека камелеонот има слој од клетки, наречени иридофори, кои содржат нанокристали од гванин. Овие нанокристали реагираат на промената на расположението на камелеонот. Кога камелеонот е смирен, кристалите рефлектираат сина светлина, а кога е возбуден покажува повеќе жолта или црвена боја.

Но, што ги предизвикува возбудувањата кои доведуваат до овие карактеристични промени на бојата?

Тоа не е од желба за камуфлажа. Излегува дека промените на бојата всушност се случуваат кога е време за парење на камелеоните.

Очигледно, ние не сме единствените суштества кои сакаат да изгледаат прекрасно кога се спремни за флерт!

 

Поддржете ја нашата работа: