Повеќето од нас пишуваат со десна рака, но некој помал процент од луѓето се левучари. Зошто е тоа така? Дали со текот на времето човекот и дава предност со вежбање на едната рака, или тоа е нешто што го прават невролошките врски уште од самото наше раѓање? Дали левучарите се навистина позлобни или можеби поинтелегентни од десничарите, или можеби тоа е само шпекулација?
Според една нова студија, ова дефинитивно нема никаква врска со нашиот мозок, а ниту со нашиот невролошки развој. Во еден прилично задоволувачки пресврт на заговор, се чини дека нашата лева или десна страна е всушност поразвиена и вкоренета во нашата биологија уште пред да се родиме, но во форма на одреден метеж на ‘рбетни гени, а не мозочни.
“Нашите податоци укажуваат на ‘рбетни, а не на кортикални, почнувајќи од хемисферните асиметрии,” велат научниците во нивниот труд.
Тимот на научници од Германија, Холандија и Јужна Америка, предводен од психолози од Рур Универзитетот во Бохум, внимателно ја следеле генетската експресија која се одвива во рамките на ‘рбетните нерви на бебиња кои сеуште се наоѓаат во матката, помеѓу осмата и дванаесеттата недела од бременоста.
Долго време се претпостравува дека генот за активност во мозокот зависи од тоа која хемисфера покажува повеќе активност, што дефинира дали некој ќе биде левучар или десничар. Сепак, врз основа на активноста на овие прото-‘рбетниот врски, се чини дека некои асиметрии се случуваат онаму каде што никогаш досега не е откриено.
Оваа новооткриена активност се одвива долго пред да се развие делот од мозокот кој е одговорен за движење – моторниот кортекс. Се чини дека е центрирана на делови од ‘рбетот , одговорни за пренос на електрични импулси на дланките, рацете, нозете и стапалата, и оваа асиметрија дефинира дали едно лице ќе пишува со лева или со десна рака.
Покрај тоа, тимот од научници дознал и која е причината за оваа симетрија. Она што се случува е независно од наследните генетски мутации или особини, туку од факторите на животната средина – фактори кои влијаат на бебето уште додека расте во матката.