Научниците од Универзитетот во Вашингтон направиле нов вид на материјал базиран на физичките својства на коските и дрвото.
Се работи за порозна структура, добиена преку техниката на 3Д печатење, поточно со спојување на ситни капки од сребро, која е исклучително лесна и многу цврста- пишува „Independent“.
Научниците нагласуваат дека е можно наместо сребро да се користи било кој друг материјал.
Новиот материјал ја имитира природната структура „пустинска роза“ во Африка – минерал кој се формира во плитки базени со соли од сулфур, бариум и стронциум.
Според професорот Раул Панат, овој материјал би можел да најде примена во производството на батерии, за лесни и ултра-цврсти материјали, супекондензатори и биолошки скелети.
Научниците веќе работаат на изработка на порозни аноди и катоди, кои би можеле да ги заменат цврстите аноди и катоди во батериите. На тој начин би се зголемил капацитетот и ефикасноста на батериите.
Научниците веќе поднеле патент за техниката, која е опишана во списанието „Science Advances”.