Овие резултати го отворија патот за развој на ултра-брзи квантни компјутери и зајакнување на безбедноста на комуникацијата.
Кубитови (квантни битови) се чувствителни квантни верзии на денешните компјутери, 0 и 1 бита и се основа на квантните компјутери. Фотоните се честички на светлината и се ветувачки начин за имплементација на одлични кубити. Една од најважните задачи за успешна телепортација е трансферот на кубити од еден фотон во друг. Сепак, конвенционалната експериментална примена на квантната телепортација бара голем лабораториски простор и стотици оптички инструменти внимателно подредени, далеку од потребите на денешните модерни комјутери и уреди.
Во 2013 година, професорот Фурушима и неговите колеги успеале во реализацијата на совршена квантната телепортација, во простор од неколку квадратни метри. Биле потребни месеци да се создаде и да го достигне лимитот во однос на приспособливоста.
Во новото истражување на Универзитетот во Бристол, предводено од професорот Џереми О’Брајан, научниците ги преземале овие оптички кола и ги сместиле во микро-чипови од само неколку милиметри (0,0001 квадратни метри), со користење на методот нано-фибрикација.
Ова е прва демонстрација на квантна телепортација во силиконски чип која радикално го решава проблемот на приспособливост. Тимот на истражувачите извел значаен чекор поблиску кон нивната крајна цел за интегрирање на квантен компјутер во фотонски чип.
Имплементацијата на телепортацијата во микро-чип е важен чекор за потенцијалот на практична примена на квантната технологија.
Истражувањето е објавено оваа недела во „Nature Photonics“.