Лепенка што се става на кожата и ефикасно го топи вишокот од масни наслаги на било кој дел од телото звучи премногу добро за да биде вистинито сепак, благодарение на едно ново истражување вакво нешто навистина постои.
Оваа медицинска лепенка се состои од низа многу ситни иглички кои преку кожата во телото пренесуваат наночестички од специјални лекови. Лепенката сѐ уште не е тестирана на луѓе, но тестирањата на глувци покажале дека го намалува масното ткиво за околу 20 проценти на третираните делови.
Ова во иднина би можело да помогне во лекувањето на дебелината и дијабетесот.
Лепенката е дело на истражувачите од Универзитетот Колумбија и Универзитетот во Северна Каролина и делува на тој начин што го трансформира белото масно ткиво во кафеаво масно ткиво.
Кај човекот постојат два вида на масно ткиво – бело и кафеаво (темно). Кафеавото масно ткиво често се нарекува и „добро“, бидејќи лесно се разградува и служи за создавање на топлина. Новороденчињата имаат многу од овие масни наслаги, што ги штити при изложеност на ниски температури со оглед на тоа дека им е потребна помош за регулирање на нивната телесна температура.
Со годините најголемиот дел од ова масно ткиво се губи и возрасните имаат главно бели масни наслаги во разни делови од телото кои служат за долгорочно складирање на енергијата, но тешко се разградуваат.
Во последниве години се направени бројни истражувања фокусирани на тоа како да се постигне трансформација на белото масно ткиво во кафеаво кај возрасни лица како третман за дебелина и дијабетес.
„Постојат неколку клинички достапни лекови кои ја поттикнуваат трансформацијата на белото во кафеаво масно ткиво, но сите тие мора да се замаат во вид на теблети или инјекции. Со тоа целото тело се изложува на лекот што може да доведе до несакани ефекти како стомачни проблеми, зголемување на тежината и фрактури на коските“ – вели патологот Ли Чијанг еден од членовите на тимот од Универзитетот Колумбија.
„Нашите лепенки ја спречуваат појавата на ваквите компликации, бидејќи ги доставуваат лековите директно до масното ткиво“.
Ова е овозможено со помош на микроскопските иглички кои ги доставуваат хемикалиите под кожата на било кое место каде има масни наслаги.
Во студијата истражувачиле користеле два различни лека – розиглитазон (или Авандија) и хемикалијата наречена „CL316243“, за која претходно е докажано дека го трансформира белото масно ткиво во кафеаво кај глувци.
Прво, лековите биле сместени во наночестички со дијаметар од околу 250 нанометри.Потоа тие се поставени на лепенка и штом микроигличките безболно ќе ја пробијат кожата, наночестичките продираат во ткивото и тука се раствораат.
Во експериментот на дебели глувци лепенките им биле ставани на секои три дена во текот на четири недели. Глувците имале две лепенки на различни страни од телото – една со лекот, а другата со празни наночестички.
Резултатите покажале дека на страната каде била лепенката со лекот дошло до намалување на масните наслаги за околу 20 поценти.Забележено е исто така и намалување на гликозата во крвта кај овие глувци во споредба со контролната група.Се покажало и дека од овој третан имале корист и животните кои не биле дебели, бидејќи кај нив била подобрена потрошувачката на кислород.
Иако нема гаранција дека истите резултати ќе се добијат и кај луѓето, ова претставува голем чекор напред кон целта да се откријат механизите кои ја контролираат продукцијата на белото и кафеавто масно ткиво.
Истражувачите сега работаат на откривање кои лекови или комбинација на лекови кои ќе овозожат најефикасна локализирана трансформација на белото во кафеаво масно ткиво.
Наодите се објавени во „ACS Nano“.
































