Направете прошетка за 360 ° низ срцето на Сонцето

Во внатрешноста на ѕвездите врие неред. Турбулентното движење на суперврелата плазма предизвикува движење на магненото поле во циклус помеѓу периоди со низок и висок интензитет, што резултира со сончеви пунктови и соларни пламени. Сепак научниците никогаш не разбрале што ја контолира должината на овие циклуси, кои траат околу 11 години во нашето Сонце.

Затоа, еден тим од астрономи користеле податоци од вселенската опсерваторија Gaia за да се симулира внатрешноста на ѕвездите кои наликуваат на нашето Сонце по маса и возраст. Научниците сакале одговор на прашањето: Зошто останатите ѕвезди од соларен тип имаат диви променливи соларни циклуси?

На пример, една таква ѕвезда, позната како Kappa Ceti, во соѕвездието Кит (лат. Cetus), има циклуси кои траат 5,6 години. По разгледувањето на 25 магнетни циклуси, истражувачите откриле дека должината на циклусот на секоја ѕвезда е поврзана со брзината на ротацијата и нивото на светлина.

Ѕвездите со побрза, но послаба ротација имаат подолги циклуси. Резултатите би можеле да им помогнат на научниците за подобро разбирање на соларните магнетни полиња, и да одговорат на прашањето кое веќе подолго време ја мачи научната заедница, а на кое одговорот е дека, според овие резултати, нашето Сонце воопшто не е Сонце?

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt