НАСА не може да ги објасни мистериозните облаци на Титан

converted PNM file

Леталото Касини на НАСА забележа мистериозни ледени облаци околу Титан, најголемата месечина на планетата Сатурн и се чини дека оваа појава го менува целото сознание што досега го имавме за атмосферата на оваа месечина.

Овие облаци кои за прв пат се забележани од леталото Војаџер-1, се појавиле повторно, а сочинети се од состојки кои едвај може да се најдат во атмосферата на Титан, па оттаму и прашањето од каде се дојдени.

Кога Војаџер -1 прв пат ги забележал облаците за време на летот во 1980-81 година, научниците утврдиле дека се составени од едно соединение од јаглерод и азот, што се нарекува дицијаноацетилен (C4N2). Тоа е главната компонента во уникатниот „хемиски коктел“, што и ја дава на месечината замаглената портокалова атмосфера. Но, во стратосферата, каде научниците ги забележале овие облаци постои помалку од еден процент од гасот C4N2 од количеството што е потребно за облаците да се формираат. Со други зборови, нема доволно C4N2 во атмосферата на Титан што ќе овозможи формирање на вакви облаци, според законите на термодинамиката што сега ни се познати.

И последните податоци испратени од леталото Касини покажуваат дека истиот тип на облаци сѐ уште ги има високо во стратосферата на месечината и дека се составени од истото „невозможно“ количество од C4N2.

Титан е едно од најинтересните небески тела во нашиот Сончев систем, бидејќи во суштина изгледа како замрзната верзија на Земјата, со планински венци и дини на својата површина кои се заштитени од дебела атмосфера. Титан е единствената месечина во Сончевиот систем за која е познато дека одржува густа атмосфера богата со азот и единственото небеско тело  покрај Земјата, на чија површина има стабилни базени од течност.

Затоа, истражувачите сметаат дека процесите што се одвиваат овде на Земјата, може да бидат клучот за она што се случува во атосферата на Титан кое доведува до формирање на овие мистериозни облаци.

titan-green

На Земјата, облаците се создаваат благодарение на континуираниот циклус на испарување и кондензација на водата. Една од многуте карактеристики на Титан, што се слични со тие на Земјата, е и тоа што истите циклуси се одвиваат и во тропсферата на Титан (најнискиот дел од атмосферата што лежи веднаш под статосферата), само со метан , наместо со вода .

Доказите покажуваат дека за тропосферата на Титан важат истите закони како и за нашата тропосфера и се смета дека од тука потекнуваат различните временски облици, исто како и на Земјата. Но, се чини дека во стратосферата над јужниот и северниот пол на Титан се случуваат подруги кондензациони процеси.

Како што објаснува НАСА, циркулаторните движења ги тераат гасовите да одат надолу кон половите, што предизвикува слоевите од гас да се кондензираат додека пропаѓаат низ сѐ поладните слоеви од стратосферата на половите.

Ова значи дека облаците може да се формираат во стратосферата на Титан, бидејќи нивоато на температурата и притисокот на воздухот на половите се доволни за да се кондензира оваа пареа во мраз и да достигне еден вид на „рамнотежа“.

„За да може облаците да се формираат, оваа рамотежа е задолжителна, како што е законот за гравитација. Меѓутоа, проблемот е што облаците во страосферата на Титан се сочинети од дицијаноацетилен. Научниците пресметале дека би било потребно најмалку 100 пати повеќе пареа, за да би можел да се формира облак од мраз, каков што е забележен од леталото Касини“- објаснува НАСА.

Иако сѐ уште ништо не е потврдено, главната хипотеза на научниците како ова се случува се базира на облаците кои постојат во атмосферата на Земјата и кои ја оштетуваат нашата озонска обвивка.

Како што објаснува „The Washington Post“, над Земјата постоат одредени блаци кои можат да го заобиколат целиот процес на кондензација и наместо на тој начин да се формираат преку еден вид на хемиска „цврста состојба“ базирана на интеракција на честички од мраз.

На овој начин, хемикалиите на база на хлор од загадувањето доспеваат од површината на Земјата до стратосферата и ја уништуваат озонската обвивка, а ваков сличен процес би можел да овозможи нови резерви на C4N2 во стратосферата на Титан.

Оваа хипотеза би требало допрва да се потврди, со натамошните опсервации од Касини, а дотогаш овие облаци на Титан и понатаму остануваат мистерија.

А бидејќи мисијата Касини завршува идната година, да се надеваме дека пред тоа ќе ни даде некои дговори.

Истражувањето е објавено во „Geophysical Research Letters“.

Поддржете ја нашата работа: