НАСА планира мисија на Нептун

Со години планетарните научници жалат за јазот од 50 години помеѓу првото прелетување на Војаџер 2 и неговата следна посета.

Но, Џим Грин шефот на НАСА за планетарни науки, на состанокот на „Outer Planets Assessment Group“ во Лорел, Мериленд, навести дека е можно тој јаз да се намали. Тој објави дека „Jet Propulsion Laboratory“ (JPL) ќе прави проучувања за вселенска мисија на Уран и/или Нептун.

Ако се одобри, ова би можело да биде следната голема мисија после „Марс 2020“ и  „Europa Clipper“ (сега Europa Multiple Flyby Mission). Според зборовите на Грин, мисијата би чинела помалку од 2 милијарди долари.

Арго, последната мисија што беше предложена за Нептун, според еден од креаторите, беше приземјена, бидејќи НАСА немала доволно плутониум за гориво на леталата.

Кендис Хенсен од лабораторијата „Jet Propulsion“ вели дека се отворила посебна можност за лансирање од 2015 до 2020 г. што би можела да го однесе Арго на Нептун за една деценија, со помош на гравитацијата на Јупитер и Сатурн. Но, таа временска рамка сега е невозможно да се исполни. Но, таа вели дека „Space Launch System“, што во моментов го гради НАСА, може да ја елиминира потребата од помош од гравитацијата и да стигне до Уран и Нептун многу побрзо.

Конгресот кој ги поддржува овие мисии ја охрабрува агенцијата да користи масивни ракети на нивните мисии. Сега НАСА вложува многу повеќе средства за плутониум и агенцијата ја разгледува можноста за пат до надворешните граници на Сончевиот систем.

Сепак, одлуката најмногу ќе зависи од планетарните научници кои ќе ја користат студијата од „JPL“ за да ги одредат приоритетите за истражување во следната деценија.

Месечината на Нептун, Тритон е една од примамливите опции. Ниту една друга голема месечина не се движи ретроградно. Тоа ги наведува астрономите да се сомневаат дека Тритон е всушност заробен објект од Кајперовиот појас – поголем „братучед“ на Плутон. Исто така, Тритон е со големина скоро иста како и Месечината на Земјата, но има „ледени вулкани“ што исфрлаат смрзнат азот на неговата површина.

Од друга страна, Уран има пет месечини доволно големи што би се сметале за џуџести планети доколку самостојно орбитираа околу Сонцето.

Сето ова е дел од еден поголем напор што го прави НАСА. Петходно оваа година од неколку релевантни институции беа наменети средства за да може вселенската агенцијата да креира „Ocean World Exploration“ програма.

Но, и покрај ваквиот поттик, НАСА наскоро може да остане без активни мисии за истражување на подалечните планети од сончевиот систем.


Поддржете ја нашата работа: