Наскоро секој ќе може да произведе дрога!?

Генетски модифицираните квасци може да го олеснат производството на опијати како морфиум насекаде, со што драстично ќе се намалат цените и ќе запре меѓународната илегална трговија на дрога.

Се’ поголем број на лекови, мириси и вкусови кои порано се добивале само од одредени растенија, сега можат да се создадат од генетски модифицирани организми. Опијатите потекнуваат од молекули кои имаат лековити својства, но се наоѓаат во мал број на растенија, па поради тоа се скапи и тешки за производство. Создавањето на вештачки молекули, би било многу поевтино.

Вештачката верзија се’ уште не постои, но научниците се сомневаат дека ќе се појави набрзо. „Процесот напредува побрзо отколку што мислевме“, вели Џон Дубер од Универзитетот Беркли, чиј тим создаде квасец кој ја произведува главната основа за опијатите. До неодамна, Дубер проценил дека создавањето на, да речеме, морфиумски квасец ќе потрае 10 години. Сега е проценето на 2-3 години, барем за морфиум со низок квалитет.

Може да бидат потребни уште многу години за да се произведе високо-продуктивен морфиум. Но, откако ќе се создаде, во теорија секој ќе може по дома да си направи морфиум.

Дубер предупредува дека треба добро да размислиме за последиците од пуштањето на таквите видови или рецепти за генетски инжинеринг во јавност.

Други тимови работат на производство на тропан алкалоиди – семејството на соединенија кои вклучуваат дроги како кокаинот. Кокаинските квасци и понатаму се прекинуваат, односно се’ уште не се јасни одредени критични процеси на кока растенијата. Сепак, постојат можности.

Импликации

Доколку овие видови на биосинтетички квасци станат широко достапни, тие ќе го трансформираат пазарот на дрога.  Дрогите како хероин и кокаин кои се одгледуваат во странство и се увезуваат од криминални банди, би можеле да бидат произведени локално од страна на поединци или мали групи. Ќе се „демократизира” производството.

Синтетизирањето на дрогите како метамфетамин во мали нелегални лаборатории, пак, бара не само експертиза, туку и низа хемиски состојки. Отсекувањето на снабдувањето на овие хемикалии е една од главните стратегии на напорите за борба против дрогата. Тоа би било невозможно со домашната дрога.

И за разлика од кристал мет лабораториите, подготовката не создава токсичен хаос -отпадните производи се само соленкаста вода и некои многу благи хемикалии, како ацетат.

Сепак наспроти позитивните страни како што се намалување на криминалот со дрога и токсичноста, постојат релативно оправдани стравови дека домашното производство ќе ја зголеми употребата на дроги.

Поддржете ја нашата работа: