Имате проблеми со учењето нови јазици? Не сте сами. Многу луѓе поради пренапорниот распоред и уморот имаат потешкотии при учењето.
Но, според последното истражување објавено во научното списание “Cerebral Cortex Oxford”, слушањето на аудио снимки од зборовите кои сакате да ги научите додека спиете, може да ви помогне да ги совладате полесно.
Во студијата учествувале 60 лица од германско говорно подрачје и имале задача да научат нови зборови на холандски.
Испитаниците од првата половина од групата слушале аудио снимка додека биле будни, а другите додека спиеле.
Истражувачите увиделе дека групата која спиела имала далеку подобри резултати од оние кои биле будни.
Сепак, авторот на студијата Бјорн Раш, заклучува дека ова не е доволно за да научите нов јазик и дека треба да вложите и малку труд.
“Ваквиот начин на успешно помнење е можен само ако сте учеле пред да одите да спиете. Слушањето зборови додека спиете нема ефект ако зборовите ви се целосно непознати.”, истакнува Раш.
Истражувачите велат дека најдобро се учи за време на NREM фазата која обично се случува во првата половина од ноќта. На пример, ако одите на спиење во 11, слушајте ги зборовите измеѓу полноќ и 2 часот наутро.