Научник на денот: Алфред Бернард Нобел

Парот стапил во брак во 1827 година и имал осум деца. Семејството било доведено до просјачки стап, и само Алфред и неговите тројца браќа го проживеале детството. Пратен од неколку неуспеси во работата, во 1837 година, таткото на Нобел се преселил во Санкт Петербург каде што станал успешен како производител на алатни машини и експлозиви. Тој ја измислил современата „иверица“ и започнал со истражување на „торпедото“.

Неговите родители биле во можност да го пратат Нобел кај приватни учители, а тој се покажал како доста добар во неговите студии, особено во полето на хемијата и јазиците, стекнувајќи се со високо познавање на англискиот, францускиот, германскиот и рускиот јазик. Како младо момче, Нобел учел со хемичарот Николај Зинин. Потоа во 1850 година, тој заминал во Париз за да ги продлабочи своите студиите. На осумнаесет годишна возраст тој заминал во Соединетите Држави на четиригодишни студии по хемија, каде што соработувал во краток временски период со пронаоѓачот Џон Ериксон, кој го дизајнирал оклопниот воен брод во Американската граѓанска војна,.

Во 1857 година, Нобел го регистрирал неговиот прв патент, патент за гасомер. Семејната фабрика произведувала оружје за Кримската војна (1853 – 1856 година) но се сретнала со потешкотии да се врати на редовното производство за домашните потреби откако војувањето завршило, што довело до банкрот. Во 1859 година, таткото на Нобел ја оставил фабриката под раководство на неговиот втор син Лудвиг Новел (1831 – 1888 година), кој значително ја подобрил работата. Нобел и неговите родители се вратиле од Русија во Шведска, а Нобел целосно се посветил себеси на изучување на експлозивите, особено на безопасното производство и употреба на нитроглицеринот.

Во 1863 година, Нобел го измислил детонаторот, а во 1865 година го дизајнирал капсула-детонаторот.

На 3 септември 1864 година, експлодирала барака во фабриката во Хеленборг, Стокхолм, која се користела за подготвување на нитроглицерин, убивајќи петмина, помеѓу кои и помладиот брат на Нобел, Емил. Постојано проследен со повеќе мали несреќи но непопречен од тоа, Нобел продолжил и понатаму да гради фабрики концентрирајќи се на подобрување на стабилноста на експлозивите кои ги развивал. Нобел го пронашол динамитот во 1867 година, материја со која било полесно и побезбедно да се работи отколку со понестабилниот нитроглицерин. Динамитот бил патентиран во Соединетите Држави и во Обединетото Кралство и бил користен во минирање и градење на меѓународни транспортни мрежи.

Во 1875 година Нобел го измислил експлозивниот желатин или гелигнит, кој бил постабилен и помоќен од динамитот, а во 1887 година го патентирал балиститот, претходникот на кордитот.

Во 1884 година, Нобел бил избран како член на Кралската академија на науките на Шведска, истата институција која подоцна ќе одбере лауреати за две од Нобеловите награди, и добил почесна диплома од Универзитетот во Упсала во 1893 година. Неговите браќа, Лудвиг и Роберт експлоатирале нафтени полиња покрај Каспиското Езеро и станале многу богати. Нобел инвестирал во овие нафтени полиња и направил големо богатство преку развивање на овие нови нафтени региони. За време на неговиот живот, Нобел патентирал 350 пронајдоци на меѓународно ниво и до неговата смрт тој основал 90 фабрики за оружје, и покрај неговото верување во пацифизам. Во 1891 година, по смрта на неговата мајка и неговиот брат Лудвиг и крајот на љубовна врска која траела долго време, Нобел се преселил од Париз во Сан Ремо, Италија. Боледувајќи од ангина, Нобел починал во својот дом во 1896 година од мозочно крварење.

Нобелови награди

Кога починал неговиот брат, во еден од весниците дошло до забуна па се појавил некролог со напис „Трговецот на смртта е мртов“. Алфред се разочарал од тоа како всушност ќе биде запаметен.

Поради тоа, на 27 ноември 1895 година, во шведско-норвешкиот клуб во Париз, Нобел го потпишал неговиот последен тестамент и се отргнал од товарот на она што го поседувал со цел да ги основа Нобеловите награди, за да се доделуваат секоја година без дискриминација на национална основа. По оданочување и оставање наследство на некои личности, тестаментот на Нобел предвидел 94 проценти од неговиот вкупен имот, 31,225,000 шведски круни, (377 милиони евра) за основање на петте Нобелови награди. Првите три од овие награди се доделуваат за достигнување во полето на физиката, хемијата, медицината или психологијата. Четвртата е награда за литературно дело „од идеалистички правец“, а петта треба да се додели на онаа личност или општество што го дава најголемиот придонес кон каузата за меѓународното заедништво, во потиснување или намалување на постоечките вооружени сили, или во воведување или поткрепа на мировните конгреси. 5 години по неговата смрт, во 1901 година се доделени првите Нобелови награди.

Цитати

Доколку една од илјада идеи се покаже добра, ја сум задоволен“.

„Правдата постои само во имагинацијата“.

„Добрите желби и намери не се гаранција за мир“.

„По мојата смрт, планирам да оставам фонд за промоција на идејата за мир. Загрижен сум како тоа ќе биде искористено“.

Поддржете ја нашата работа: