Научник на денот: Кристијан Хајгенс

Кристијан Хајгенс ( 14 април 1625 – 8 јули 1695) е холандски математичар, научник, астроном, физичар и хоролог.

Хајгенс бил водечки научник на неговото време и се вбројува во редот на значајните европски филозофи, заедно со Рене Декарт и Њутн. Неговата работа вклучувала: рани телескопски проучувања на прстените на Сатурн и откривање на неговата месечина Титан, откривање на часовникот со нишало и други истражувања во областа на мерењето на времето. Објавил неколку значајни дела за механиката и оптиката, како и игрите на среќа.

Роден е на 14 април 1629 година во Хаг, Холандија во богато и влијателно холандско семејство. Францускиот филозоф Рене Декарт го насочил во првите проучувања, а студирал право и математика на Универзитетот во Лајден пред целосно да се посвети на науката (1654 година).  Починал на 8 јули 1695 во Хаг и бил погребан во „Grote Kerk“. По него е именуван астероидот 2801 Хајгенс, лендерот Хајгенс на Титан – месечината на Сатурн и кратерот на Марс. И лабораторијата на одделот за физика на Универзитетот во Лајден во негова чест го носи неговото име.

Поддржете ја нашата работа: