Научник на денот: Леонардо Фибоначи

Леонардо Боначи, познат како Фибоначи (околу 1170 – 1250 г.) е италијански математичар познат по популаризирањето на Хинду – Арапскиот нумерички систем (броевите 0-9), како и по низата на броеви, позната како Фибоначиева низа, во која збирот на двата претходни броеви ја дава вредноста на наредниот број ( 0,1, 1, 2, 3, 5, 8, 13, 21, 34, 55, 89, 144, …)

Бил роден во богата фамилија. Татко му, Гиљермо Боначи, бил богат трговец и конзул на Пиза. Мајка му, Алесандра, починала кога тој имал 9 години. Уште како млад често патувал со својот татко и на едно од тие патувања во Северна Африка дознал за Хинду-Арапскиот систем на бројки и ги сфатил неговите предности. Грчиот нумерички систем бил примитивен, задржувајќи се на геометријата, со што пресметките биле тешки. Европските научници пак, го користеле римскиот систем, кој бил малку подобар.

Така, во 1202 година ја завршил книгата „Liber Abaci“ со која го популаризирал Хинду-Арапскиот нумерички систем во Европа, со што се олеснило пресметувањето, а воедно и нулата била признаена како број. Математичките правила за правилната употреба на нулата за прв пат ги опишал Брамагуптра.

Датата на неговата смрт не е позната, но се смета дека починал помеѓу 1240 и 1250 година, најверојатно во Пиза. Во 19-ти век, подигната е негова статуа во Пиза. Астероидот „6765 Фибоначи“ е именуван по него.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt