Моторот со внатрешно согорување го носи неговото име.
Германски пронаоѓач, роден 1858 година во Париз, извонреден студент на техничкиот факултет во Минхен. Првиот концепт на мотор со внатрешно согорување го создава во 1893 година и истиот го патентира, а како гориво на почетокот користи јагленова прашина.
Основите на својот револуционарен мотор во 1897 година ги објавува како замена за парниот построј, додека конечната верзија е изградена во соработка со фабриката „MAN“ (Maschinenfabrik Augsburg). Дизелскиот мотор, кој не користи свеќички бидејќи горивото се запалува со вбризгување во компримиран врел воздух, набргу загосподари со бродовите и со тешките возила. „Мерцедес 260 D“ се третира како прв автомобил со дизел мотор, но најверојтно, тоа бил „Citroën Rosalie“, произведен во мала серија.
Дизел го губи животот во мистериозни околности во 1913 година во ладните води на Ла Манш, наводно на пат својата револуционерна технологија на дизелските мотори, во предвечерјето на Првата светска војна, да им ја продаде на Англичаните. Никогаш не е докажано, но се претпоставува дека го бутнале агенти на тогашната германска тајна служба преку палубата на бродот со кој патувал.
Неговиот пронајдок денес наоѓа масовна примена во сите транспортни сфери на современото општество.