Научниците од Универзитетот Квин Мери во Лондон, во новата студија дошле до сознание дека луѓето кои живеат во области со загаден воздух имаат послабо срце во споредба со лицата кои дишат чист воздух.
Пронашле докази кои ја покажуваат штетноста на издувните гасови, особено кога станува збор за дизелот. Кардиолозите препорачуваат, луѓето за време на пешачење да пробаат што повеќе да се оддалечат од автомобили, со што би ја намалиле изложеноста на издувни гасови.
Според податоците на Светската здравствена организација, 25.7% на 100 000 жители е предизвикан морталитет од загадување на воздухот, во Шведска 0.4%, а во Шпанија 14.7%. Според процентите, околу 40.000 луѓе умираат заради воздухот кој го дишат.
Во студијата, истражувачите користеле магнетна резонанца при преглед на 4255 лица. Работата на нивното срце се споредувале со годишното ниво на честички на загадениот воздух, кои се нарекуваат MP 2.5. на местото каде што живеат.
“Како што расте изложеноста на PM 2.5, срцето станува се поголемо и полошо работи. Постојат цврсти докази дека супстанците кои се ослободуваат од дизелот се поврзани со зголемениот ризик од срцев удар,“ вели кардиологот Неи Аунг.
Поради секои 5 микрограми PM 2.5, доаѓа до зголемување на срцето за 4 do 8% и до намалување на неговата работа за 2%. Научниците советуваат избегнување на сообраќајот за време на одење или возење велосипед. Оние кои страдаат од кардиоваскуларни заболувања, треба да избегнуваат пешачење во оној дел од денот кога на улиците има најмногу сообраќај.
За проблемот со загадувањето на воздухот и неговото влијание врз нашиот организам порано не се знаеше многу. Дури неодамна е откриено како честичките од воздухот доаѓаат до нашиот крвоток.