Бил професор по биологија на животната средина и климатски промени на Универзитетот Стенфорд, кодиректор на Центарот за животна средина за наука и политика и виш соработник во Стенфорд Вудс институтот за животна средина. Шнајдер бил консултант на федералните агенции и на Белата куќа, во администрациите на Никсон, Картер, Реган, Џорџ Х.В. Буш, Клинтон, Џорџ В. Буш и на Обама.
Неговите истражувања вклучуваат моделирања на атмосферата, климатските промени, и ефектот на глобалните климатски промени врз биолошките системи. Бил основач и уредник на списанието „Climatic Change“ и автор или ко-автор на над 450 научни трудови и други публикации. Тој бил координативен лидер на Работната група II на „Intergovernmental Panel on Climate Change“(IPCC).
За тој ангажман, „IPCC“ ја делат Нобеловата награда за мир во 2007 година со него. Бил ангажиран и во други меѓународни комисии, организации и проекти.
Во текот на 1980-тите, Шнајдер се издвојува како водечки светски поборник за остро намалување на емисиите на стакленички гасови и борбата против глобалното затоплување.
Умира ненадејно. Претходно страдал од агресивен вид на рак.