Што се случува во телото кога имаме пеперутки во стомакот?

На сите ни се случило да го имаме тоа чувство на „пеперутки“ во стомакот, на пример пред испит, или кога сме со оној што ни се допаѓа. Овие сензации не прават да се чувствуваме дека ќе повратиме, срцето ни чука забрзано, устата ни се суши, дланките ни се потат и ни треперат. Ова е одличен пример за поврзаноста помеѓу мозокот и стомакот – реакција на психолошкиот стрес што го доживуваме во тој момент.

Инстинктот и чувството на пеперутки во нашиот стомак се сигнали кои доаѓаат од „вториот мозок“. Според „Johns Hopkins Medicine“ тоа е „мозокот во цревата“, или ентеричниот нервен систем (ЕНС), кој е скриен во ѕидовите од дигестивниот систем.

ЕНС се состои од два тенки слоја од над 100 милиони нервни клетки кои го обложуваат гастроинтестиналниот тракт од хранопроводот до ректумот. Негова главна улога е да ја контролира дигестија – од голтањето, испуштањето на ензимите потребни за разложување на храната, се до контрола на протокот на крв што помага да се апсорбираат хранливите материи од храната, до нејзината елиминација.

thom-lang-x-ray-of-butterflies-in-the-stomach

Вториот мозок  комуницира со големиот мозок на неколку начини. Се верува дека голем дел од нашите емоции се под влијание на нервите во нашиот стомак. Чувството на пеперутките во стомакот е сигнал во цревата кој е дел од физиолошкиот одговор на стресот. Кога сме нервозни, сигналите од мисловниот дел на мозокот патуваат до хипоталамусот и хипофизата кои регулираат повеќе функции во телото. Хипофизата веднаш испраќа сигнали до надбубрежните жлезди, кои исуштаат адреналин и други хемиски супстанции во крвотокот. Ова предизвикува забрзана работа на срцето, покачување на притисокот и ја зголемува циркулацијата во мускулите. Крвта што се движи низ белите дробови и мускулите е повлечена од други делови од телото, како што е стомакот, што резултира со појава на тоа чувството на треперење.

1-e1398753474303

Слично како нервозата пред испит и љубовта може да поттикне дел од мозокот – наречен инсула, поврзан со перцепцијата за болка и чувството во стомакот. Во едно истражување објавено во „NeuroReport“, невролозите откриле дека инсулата, која има одредена врска со нашиот стомак, „светнува“ кога ќе ја видиме нашата симпатија или љубовта на нашиот живот. Физичката манифестција од оваа мозочна активност се гледа во чувствата што ги поврзуваме со љубовта, како еуфоријата, пеперутките во стомакот, љубовната болка и зависноста од љубов.

Независно дали сме нервозни заради испит, или кога сме заљубени, ако му веруваме на „чувството во стомакот“, може многу подобро да ги разбереме нашите емоциите што се поттикнати од одредени ситуации.

Поддржете ја нашата работа: