Никој не знае каде е генетичарот кој создаде ГМО бебе: Исчезна после неговата шокантна презентација

Кинескиот научник Хи Џианкуи, кој минатата недела објави дека создал генетски модифицирани бебиња исчезна. Генетичарот од конференцијата до денес не е виден. Се шпекулира дека веќе е во затвор, но од Универзитетот оваа информација се демантира.

Се претпоставува дека Хи не добил согласност од академската заедница која е потребна за истражувањето, иако генетичарот минатата недела објави дека уште една волонтерка е бремена и тој се чувствува премногу гордо.

Хи, кој го има завршено своето образование на престижниот Универзитет Стенфорд, во понеделникот појасни дека гени од ембрион модифицирал на начин да станат отпорни на ХИВ вирусот. Тогаш изјави дека елиминирал ген, наречен CCR5 со цел родените близначки да станат отпорни на ХИВ, ако воопшто со тој вирус дојдат во контакт.

Објаснуваше и дека зафатот на оплодените јајници го извел користејќи CRISPR/cAS9 состав за преправање на геномот кој овозможува едноставно извршување зафат на геномот на сите живи суштества.

Во говорот одржан од страна на Дејвид Балтимор и Роберт Ендру се вели дека тие се сметаат за некомпетентни да ја продолжат постапката додека не се постигнат сигурносни услови за тоа.

Покрај зачидената академска заедница, случајот го привлече вниманието на кинеските власти кои веднаш покренале истрага.

“Мораме да бидеме одговорни за здравјето на луѓето и ние ќе постапиме според законот”, велат од Националната здравствена комисија.

Поддржете ја нашата работа: