Научници во лабораторија развиле човечки јајце-клетки до целосна зрелост

СПОДЕЛИ

Жените кои се соочуваат со неплодност добија нова надеж откако британските научници за првпат успеале да развијат човечка јајце-клетка во лабораторија до целосна зрелост.

Студијата првично е објавена во списанието Molecular Human Reproduction.

Јајце-клетките биле развиени до фаза кога можат да бидат оплодени.

„Ова е првпат човечка јајце-клетка да се развие во лабораториски услови до фаза на целосна зрелост“, се вели во изјавата на Универзитетот во Единбург. Експертите кои не учествувале во истражувањето веруваат дека резултатите се ветувачки, но се сигурни дека би можеле да поминат години додека тие не се претворат во сигурна и докажана терапија.

Овој метод особено би можел да биде корисен за жените кои, на пример, примаат хемотерапија, која негативно влијае врз плодноста на жената. Тоа ќе овозможи пред почетокот на хемотерапијата да се замрзнат јајце-клетките во рана фаза, а потоа во лабораторија да се развијат до целосна зрелост.

Дискусија

Коментари