Научниците издвоија 20 најдобри кандидати за потрага по вонземен живот

Астрономите објавија листа на 20-те најдобри кандидати за „втора Земја“, објаснувајќи дека ако некогаш сакаме да најдеме живот надвор од нашиот Сончев систем, ова се нашите апсолутно најдобри шанси (кои досега ни се познати).

Од каталог од повеќе од 4.000 егзопланети откриени од мисијата Кеплер на НАСА, научниците издвоија 20 кои имаат најголема веројатност да бидат погодни за живот. Тоа значи дека научниците може да се фокусираат на нив и да направат дополнителни истражувања за да откријат нешто повеќе за нив, вклучувајќи го и тоа дали навистина се погодни за живот.

Според последните податоци, Кеплер има откриено вкупно 4.706 кандидати за егзопланети, од кои 2.327 се потврдени. Од нив, научниците издвоиле 216 планети кои се лоцирани во зоната погодна за живот околу својата ѕвезда, каде што условите за живот технички би овозможиле да постои течна вода на површината. И потоа од тие 216 ги издвоиле 20-те кои имаат најдобри шанси да бидат како Земјата, со најсовршена позиција во зоната погодна за живот, со карпест состав и големина слична на Земјата.

Во моментов научниците се обидуваат да го откријат составот на планетите. Резултатите се објавени во „The Astrophysical Journal“.

Поддржете ја нашата работа: