Покрај тоа што е одговорна за поголемиот дел од психолошките ефекти од марихуаната, ТХЦ може исто така да послужи за третман на симптомите од ХИВ-инфекцијата и хемотерапијата, а истражувачите се надеваат дека продукцијата преку квасецот може да биде поефикасна, отколку производството на синтетичката верзија.
Минатиот август, истражувачите од Универзитетот Беркли во Калифорнија, САД, објавија дека откриле како да произведат „домашен“ хероин, со помош на модифицирана форма на квасец и ензими екстрахирани од афионот.
Сега, истражувачите од Техничкиот Универзитет во Дортмунд, Германија, успеале да ги модифицираат гените што билката марихуана ги користи за продукција на ТХЦ, во нивниот квасец. Потоа, квасецот го хранеле со специјално одбран коктел од молекули, што довело до создавање на ТХЦ.
Тие, наводно, на истиот начин успеале да продуцираат и канабидиол, но деталите допрва треба да се објават. Главниот предизивик сега претставува де се открие како овие молекули да се заменат со суровини, како што е шеќерот, за да го направат процесот лесен, евтин и комерцијално конкуренетен.
Целта во овој случај не е да се замени билката марихуана, бидејќи ништо не може да го надмине канабисот во продуцирањето на оваа хемикалија. Идејата е ова да биде алтернатива, за места како Европа, каде компонентите од марихуана би биле прифатени, доколку не доаѓаат од билката марихуана, која не е легална за одгледување. Синтетичката верзија на ТХЦ е достапна во моментов во форма на таблети, за третман на несаканите ефекти од ХИВ или хемотерапија, меѓутоа хемиската синтеза е сложена и скапа.
Друго што може квасецот да понуди е потенцијал за поефикасно тестирање на медицинските својства на специфичните компоненти во марихуаната, кои се покажале ветувачки за тертман од напади и воспаленија, па до рак и Паркинсонова болест. Засега, недостасуваат ригорозни специфични докази, кои покажуваат дека марихуаната и нејзините составни компоненти се ефикасни за третирање на симптомите од многу болести за кои сега се препишуваат. За да ги одвојат фактите од посакуваните желби, на истражувачите ќе им биде потребен многу полесен пристап до уникатните компоненти на марихуаната, а модифицираниот квасец би можел тоа да им го овозможи.
Наодите од истражувањето се објавени во „Biotechnology Letters“.