Бидејќи глобалното затоплување зема се поголем замав, многу области на Земјата веќе се соочуваат со недостаток на вода за пиење. Според проценките на UN, до 2050 година, повеќе од 5 милијарди луѓе ќе се соочат со овој проблем.
Со цел да помогнат во решавање на овој проблем, инженерите од MIT измислиле уред кој може да собира вода од воздухот дури и во пустинските предели.
Иако ваквиот уред не претставува некоја голема новост, тие тврдат дека досегашните модели не се многу практични. Некои ја користат росата за да ја претвораат во вода, но за тоа им е потребен некаков фрижидер и механизам за кондензаија кој троши премногу енергија. Други пак, ја собираат течната вода од магла, што не е возможно да се изведе во пустински предели.
Овој модел успева да собере 2,8 литри вода дневно, благодарение на кристалот. Водената пареа се акумулира во порозен материјал за време на постудените ноќи. Кога сонцето ќе го загрее материјалот, течната вода повторно испарува, но овој пат отпаѓа во резервоари каде повторно кондензира и се акумулира.
Во споредба со другите материјали, овие метални органски материјали (MOFs) собираат повеќе вода и не треба голема промена на температурата. Исто така, не содржи подвижни делови и не треба некој вид на фрижидер. Поради ова, овој уред има исклучителна енергетска ефикасност.
Уредот е тестиран во Аризона, каде што научниците покажале дека работи во пустински услови каде што релативната влажност на воздухот е само 10% и во која речиси и да нема роса.
Сепак, уредот исто така покажа некои слабости. На пример, тој собрал само 0,25 литри за 24 часа додека бил поставен на покривот на Државниот универзитет во Аризона. Тој може да работи само 24 часа, па инженерите треба да најдат начин за да го продолжат тоа времетраење.
И покрај недостатоците, овој уред сигурно ќе помогне за да се најдат решенија за недостатоците од вода во сушните предели. Студијата е објавена во списанието Nature Communications.