Научниците направиле „вештачка“ крв

Недостатокот од резерви  на крв претставува  константен проблем во сите здравствени системи во светот, но едно ново истражување направено во Универзитетот во Бристол дава надеж дека тоа наскоро би можело да се промени.

Во истражувањето што беше објавено во списанието „Nature Communications”, научниците претставија техника која  потенцијално  би можела да овозможи  продукција на речиси неограничени количини на крв.

И претходно научниците успеале да создадат крвни зрнца  во лабораторија од матичните клетки кои ги создават црвените крвни зрнца во телото. Но една ваква клетка може да продуцира околу 50.000 црвени крвни зрнца,  само за споредба,  една кеса со  крв  содржи  трилиони еритроцити.

Со помош на новата техника научниците успеале да ја продолжат фазата во кој матичните клетки можат неограничено да продуцираат црвени крвни зрнца. Овој процес, како што велат научниците ги прави клетките „бесмртни“.

Во оваа фаза техниката е комлицирана и скапа за да може да го замени стандардното донирање на крв. Засега научниците продуцирале само неколку  литри од оваа  крв.Сепак, за неколку години, новата  техника, би можела да им овозможи на болниците да обезбедат резерви на крв од ретките крвни групи и да ги користат по потреба.

„ Намерата  не е да се замени донирањето на крв, туку да се овозможи специјалистичко лекување на специфична група на пациенти. Ова првенствено е наменето за пациентите кои имаат комплицирани и животно загрозувачки состојби, како српеста анемија и таласемија, каде се потребни   чести трансфузии со соодветна крв“– вели др. Даве Ансте во извештајот од истражувањето.

 

Поддржете ја нашата работа: