Зошто докторите најчесто ни вадат крв од четвртиот прст?

Дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така? Кога ни вадат крв од прст поради некои анализи, скоро секогаш ни го боцкаат четвртиот прст.

Палецот и малиот прст се многу подобро поврзани со зглобот на раката отколку останатите прсти. Тоа значи дека теоретски инфекција од палецот или малиот прст многу побрзо би се проширила и би ја зафатила раката. Поради тоа крвта генерално се вади од кој било прст освен палецот и малиот прст.

Но, во четвртиот прст воглавно има нешто помалку рецептори за болка, па боцкањето е помалку непријатно. Освен тоа, овој прст го користиме поретко од другите, па и кожата е потенка. А поради тоа и раните на овој прст зараснуваат побрзо отколку на останатите прсти.

Во соработка со: gostivarpress.mk

Поддржете ја нашата работа: