Научниците открија ретка „Франкенштајн“ галаксија

Научниците открија една „Франкенштајн“ галаксија, која веројатно се формирала од остатоци од други галаксии и што е зачудувачки, внатрешните делови се помлади од надворешните.

Кај повеќето галаксии, прво се формираат внатрешните делови и тие содржат постари ѕвезди, додека потоа се шират кон надвор со нови помлади региони.

Но според едно ново истражување што треба да биде објавено во „Astrophysical Journal“, се вели дека галаксијата „UGC 1382“, која се наоѓа на оддалеченост од околу 250 милиони светлосни години од Земјата и која е околу седум пати поголема од Млечниот Пат, изгледа како да е составена од „резервни делови“.

„Центарот на „UGC 1382“ изгледа како е да е помлад од спиралните дискови што го опкружуваат“ – вели Марк Сиберт, еден од авторите на истражувањето за „Science“.

Оваа ретка „Франкенштајн“ галаксија се формирала и успеала да се одржи затоа што се наоѓа во мирно опкружување на работ на универзумот, каде нема големи случувања кои би можеле да и пречат, бидејќи поради нејзината деликатност и мали турбуленции во соседството би довеле до нејзино распаѓање.

Научниците велат дека оваа ретка галаксија може да настанала од одделни делови – два дела кои се независно се формирале, пред да се спојат заедно.

7589064-3x2-700x467До ова откритие научниците дошле случајно, додека биле во потрага по обични елиптични галаксии – за каква што и првично ја сметале галаксијата „UGC 1382“.

Веројатно постојат повеќе галаксии како „UGC 1382“, велат научниците, но потребни се дополнителни истражувања за да се откријат.

Проучувањето на оваа галаксија може да понуди одговори за начинот на кој се формираат галаксиите во поголем обем, како и да доведе до нови изненадувања во галактичкото соседство.

Поддржете ја нашата работа: