На западниот брег од полуостровот Јорк во Австралија, еден тим од научници открива нов подвид на отровна змија, која меѓу домородното население е позната под името “банди-банди”.
Овој вид припаѓа на родот Vermicella, дел од поширокото семејство на кобри (Elapidae). Единките се мали, долги околу 50-100 сантиметри, црно-бели, не се агресивни, но отровни за разлика од нивните познати роднини. Постојат седум подвидови на овој род, од кој змијата (Vermicella annulata) е најшарена и најпрепознатлива во северо-западна Австралија.
Новооткриениот подвид е наречен Vermicella parsacauda, а е пронајден во областа Јорк во Квинсленд.
“Случајното откритие се случи кога ги истражувавме морските змии”, вели лидерот на тимот Д-р. Брајан Фрај, биолог од Универзитетот во Квинсленд.
“Змиите од родот Vermicella по правило населуваат живеалишта со богата вегетација, па бевме изненадени кога ја пронајдовме на бетонскиот брег покрај морето.” – објаснува тој.
Д-р Фрај и неговите колеги стравуваат дека опстанокот на видот Vermicella parsacauda е загрозен. Имено, рударството е главна гранка во регионот и секако влијае на неговиот биодиверзитет, кој инаку е богат со флора и фауна.
“Секој нов вид на змии е драгоцен и мораме сите да ги заштитиме, бидејќи не можеме да предвидиме која единка ќе биде основа за развој на идните фармацевтски препарати”, истакнува Д-р. Фрај.
Откривањето на тие мали видови на змии треба да не потсети на тоа колку всушност малку знаеме за различноста на флората и фауната, и колку видови можат неповратно да исчезнат пред да ги откриеме.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























