Двоглавото младенче од источна кафеава змија е пронајдено во двор во северна Вирџинија. Ова откритие експертите го карактеризираат како голема реткост.
Ваквите двоглави змии се исклучително ретки, воглавно затоа што не живеат долго. Змиите со ваква мутација имаат потешкотии да преживеат во природата, затоа што двоглавите змии поседуваат два мозоци и секогаш сакаат да прават различни работи, велат научниците.
Змијата откако е пронајдена е донесена во Центарот за диви животни во Вирџинија. Портпаролите за животна средина велат дека оваа змија има два хранопроводи, едно срце и едно белодробно крило.
Биолозите сметаат дека обете глави се способни да гризнат и да вбризгаат отров.
“Врз основа на анатомијата, би било подобро ако десната глава јаде, но тоа може да биде проблем, бидејќи левата глава се чини доминантна”, велат експертите од Центарот за диви животни.
Научниците се надеваат дека двоглавата змија ќе биде донирана на зоолошката градина.