Изгледите дека во текот на 2017 година ќе се јави глобалниот атмосферско-океански феномен Ел Нињо изнесуваат 50 – 60%, известува Светската метеоролошка организација (WHO) во петокот, после ревизорските извештаи од пред два месеци.
“Температурата на морската површина на источниот дел на Пацификот се зголемила за два Целзиусови степени, што е повисока од просечните температури во текот на февруари и март, што влијаело на појава на обилни врнежи од дожд и намалување на силата на ветрови во областа на Галапагос до бреговите на Еквадор и Перу,” се вели во соопштението на WMO.
Последниот Ел Нињо е забележан во текот на 2016та година, а влијаел на досега невидена суша во Африка, избелување на коралите и зараза со вирусот зика во Јужна Америка пред две години.
Потпаролката на WMO, Клер Нулис, вели дека засега е тешко да се предвиди во колкава мера ќе биде моќен ударот на Ел Нињо оваа година.
Во соопштението на организацијата стои и дека метеоролошките предвидувања создадени пред мај и јуни, обично се помалку сигурни од оние кои се објавуваат подоцна во текот на годината.
Ел Нињо е глобален атмосферско-океански феномен, или климатско пореметување кое настанува поради невообичаено загревање на морето на површината на екваторијалниот Пацифик, предизвикано со промени на насоката на движењето на воздушните струи во горните слоеви на атмосферата.
Појавата на овој феномен се поврзува со повисоки температури на глобално ниво, но и со невообичаено суви и студени зими на северот во Европа. Ел Нињо се јавува секои две до седум години. Додека на еден дел на Земјата предизвикува врнежи и поплави, на другиот дел владее суша.
Името на овој метеоролошки феномен потекнува од шпанскиот збор што значи дете, бидејќи обично се јавува околу Божиќ.