Научниците пронајдоа лек за мамурлак

Тие истражувале круши и ги откриле скриените придобивки од ова овошје. Крушите го намалуваат холестеролот, ја олеснуваат тврдата столица и имаат анти-воспалителни ефекти. Но, покрај тоа, тие делуваат на клучните ензими кои се вклучени во процесот на обработка на алкохолот – алкохол дехидрогеназа (ADH) и алдехид дехидрогеназа (ALDH) со што го намалуваат нивото на алкохол во крвта и всушност не заштитуваат од ефектите на мамурлакот, особено губењето на меморијата и проблемите со концентрацијата.

Затоа е потребно да се испие 220 мл. сок од круша (особено кинеска круша), но и конзумирањето на плодот би можело да има сличен ефект.

Но, треба да се испие сокот или да се изеде крушата пред да се конзумира алкохол. Ова истражување е само прелиминарен тест чии резултати се’ уште не се финализирани. „Запомнете, најдобриот начин за да не бидете мамурни е да не пиете“, истакнуваат научниците.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt