Научниците создадоа магнетна црвоточина

Пред да се возбудите, да појасниме дека ова не е исто со гравитациските црвоточини кои им овозможуваат на луѓето брзо да патуваат низ вселената, како на филмовите, и преку овој процес не може да се пренесува материја. Но, физичарите успеале да создадат тунел каде што магнетното поле во една точка исчезнува и потоа повторно се појавува, што е прилично возбудливо.

Црвоточината всушност е само тунел кој поврзува две места во универзумот. Досега, научниците го симулирале тој процес, но се далеку од создавање на гравитациска црвоточина бидејќи за тоа е потребно создавање на огромни количини на гравитациска енергија, што се’ уште не ни е познато.

Наместо тоа, научниците од Автономниот универзитет во Барселона создале магнетна црвоточина во лабораторија при што поставиле магнет на едната страна на тунелот, со што магнетното поле можело да се забележи и на другиот крај, но не и на средината. Да појасниме, црвоточината во овој експеримент не е навистина невидлива за човечкото око, туку е магнетски невидлива (направена е од сфера од надворешна феромагнетна површина, внатрешен суперпроводлив слој, па потоа феромагнетна површина завиткана во цилиндер) и изгледа вака:

 

Овие наоди ќе имаат практична примена во областите кои користат магнетни полиња, како на пример, може да доведат до создавање на машини за магнетна резонанца каде луѓето нема да треба да лежат во клаустрофобичната внатрешност. Исто така, не учат за начините на кои може да го насочиме нашето патување низ вселената.

Истражувањето е објавено во „Scientific Reports“.

Поддржете ја нашата работа: