Кинески научници благодарение на матични клетки и манипулација на гени од две женки, создадоа здрави глувчиња, способни да донесуваат потомок.
Научниците кои ги спроведувале овие истражувања, со цел да откријат зошто кај некои животни е толку тешко да се изведе потомок од истополиви родители, успеале да добијат и глувчиња од два мажјаци, но за жал младенчињата преживеале само два дена.
Резултатите од нивното истражување, кои се објавени во списанието “Cell Stem Cell”, покажуваат дека некои препреки за репродукција на истополови парови можат да преовладаат над матичните клетки и целната манипулација на гените.
Размножувањето за кое е потребен само еден родител се случува кај некои водоземци и риби, но е голем предизвик тоа да се изведе со цицачи, дури и со вештачко оплодување.
Научниците од Кинеската академија на науките објаснуваат дека кај цицачи потомството кое нема генетски материјал и татко и мајка, можат абнормално да се развијат или можеби да не преживеат, кога одредени гени од таткото и мајката се деактивираат во текот на герминалните фази со механизам наречен генетски импринтинг или генетско втиснување.
За да создадат потомок од две мајки, тимот од научници, предводен од страна на Ки Џоу, користеле клетки познати како хаплоидни ембрионални матични клетки (ESCs), кои имале една половина од бројот на хромозоми и ДНК од само еден родител.
Користејќи се со технологија наречена уредување на генот, научниците успеале да избришат три групи генетски инструкции за да бидат компатибилни. Произведени се 9 живи глувчиња од 210 ембриони.
Глувците биле нормални, созреале и добиле потомок.
Пристапот со двојниот татко бил малку покомплициран. Потребна била сперма, машка хаплоидна ембрионална матична клетка и јајце-клетка, од која се отстранети сите генетски информации и бришење седум гени за да се направи сè.
Сеуште постојат препреки во користењето на таквите методи на други цицачи, вклучувајќи го идентификувањето на подрачјата на геномите кои треба да бидат избришани. Тимот од научници се надева дека истражувањето ќе продолжи.