Научниците за прв пат документираа формирање на планета

Научниците од САД и Австралија го набљудуваа овој феномен во сончевиот систем околу ѕвездата „LkCa 15“ која е оддалечена 450 светлосни години од Земјата.

Фотографирањето на планетата во процесот на формирање е возбудливо за научниците бидејќи од речиси 2.000 егзопланети кои досега се идентификувани, ниедна не била во процесот на формирање.

 


Резултатите се објавени во „Nature“ и опишуваат како „LkCa15“ е опкружена со посебен вид на протопланетарен диск, кој се формира околу млади ѕвезди од остатоците од нивното формирање. Хипотезата на научниците, која сега е поткрепена со фотографии, е дека планетите се формираат во внатрешноста на дискот, преку спојувањето на остатоците и прашината.

Ѕвездата „LkCa15“ е стара околу 2 милиони години, но тоа е релативно малку за ѕвезда и е доволно за се’ уште да ги има остатоците од нејзиното раѓање. Научниците ја следат уште од 2009 година со помош на телескопот „LBT“ во Аризона и „Магелан“ во Чиле и велат дека дури три планети се во процес на формирање околу ѕвездата.

Поддржете ја нашата работа: