Инверзијата е процес при кој северниот и јужниот пол си ги заменуваат местата и се случува еднаш во милион години, а последен пат се случил пред околу 800 илјади години. Невозможно е да се предвиди кога точно ќе се случи и затоа сега треба да се преземат мерки на национално ниво кои ќе бидат вклучени во програмата на владите за да се заштитиме, вели Николај Добрецов, претседател на академскиот совет на сибирското одделение на Руската Академија на Науките.
Како приоритетна мерка се нагласува зголеменото набљудување на магнетното поле на Земјата. Неоходно е да се следи интензитетот на магнетното поле, кој е проследен со инверзија. Овој процес најактивно се одвива на Антарктикот, па затоа најпрво задолжително е неговото набљудување токму таму.
Како резултат на инверзијата може да дојде до колапс на светската цивилизација. Тоа значи дека Земјиното магнетно поле ќе ослабе (повеќе од 10 пати), генераторите нема да можат да произведуваат електрична енергија, јоносферата ќе се уништи и космичката радијација ќе ја дофати површината на Земјата. Во такви услови на многу мало магнетно поле, комуникацијата преку мобилните телефони и интернетот ќе стане невозможна. Затоа научниците ја нагласуваат и потребата за заштита на технологиите, како на пример создавање на генератор кој може да работи и во услови на слабо магнетно поле.
Добрецов истакна дека овој проблем влијае на целата планета, па затоа треба да се вклучат стотици научници. Тој лично ќе разговара со претседателот на Руската Академија на Науките, Владимир Фортов, за оваа тема.