Недостатокот на сон ве прави помалку атрактивни

Научниците ги проучувале негативните ефекти на ограниченото спиење, и дошле до заклучок дека тоа не ве прави убави.

Во студијата, објавена во Royal Society Open Science, научниците откриле дека 5 ноќи поминати со лош сон, може да ве направат значително помалку атрактивни за туѓите погледи, а исто така и помалку здрави. Полоши вести за лицата кои малку спијат, е тоа што луѓето помалку сакаат да се дружат со нив.

Институтот Каролинска од Стокхолм испрати 25 студенти дома со комплет за мерење на движењата во текот на спиењето, за да проверат колку време точно имаат мирен сон. Студентите биле замолени да спијат добро барем 2 дена по ред, а потоа биле фотографирани. По две недели ги замолиле два дена да спијат помалки по што повторно биле фотографирани.

По направените фотографии, истражувачите излегувале на улица и прашале вкупно 122 странци, со кое лице од фотографиите би сакале да се дружат и колку би и верувале на таквата личност.

Тимот, предводен од страна на Д-р. Тина Сандилен, открива дека странците точно ги оцениле лицата кои помалку спиеле како помалку атрактивни и како лица со кои помалку сакаат да се дружат.

Накратко, луѓето мислат дека сте помалку атрактивни доколку не спиете добро.

Авторите на студијата велат дека нивните наоди им даваат смисла на еволуционистичките термини. Нездравиот изглед на лицето, без разлика дали се должи на недостаток на сон или нешто друго може да предизвика одбивност кај другите луѓе. Во суштина, кога ќе видите некој кој изгледа болно, последно нешто што сакате е да се дружите со него.

“Оваа студија е добар потсетник за тоа колку е важен сонот,” вели Д-р Гејл Бруер, психолог од Универзитетот во Ливерпул за Би-Би-Си.

Поддржете ја нашата работа: