Природната убавина секогаш победува

Многу често, пластичните операции за „подобрување на изгледот“ се проследени со негативни коментари. Според науката, тоа е затоа што човековата перцепција е наменета за известување за недоследности во изгледот на поединецот и инстинктивно реагираат негативно дури и на најмал обид за измама.

Тајната на физичката привлечност ги збунува истражувачите низ вековите. Безброј пати е испитувана и анализирана привлечноста на изолирани карактеристики, како што е женскиот задник или машката висина, но истражувачите од Универзитетот Квин во Канада погледнаа од поинаков агол, односно ја разгледаа целината.

Тимот најпрво побарал од учесниците да одберат точки и движења на телото за кои сметаат дека се привлечни. Потоа, создале хибрид со 15 карактеристики кои биле највисоко рангирани, нешто како „убав Франкенштајн“. Врз основа на податоците, се очекувало тој да биде прогласен за најпривлечен избор, меѓутоа тоа не се случило.

„Откривме дека привлечноста зависи од внатрешната конзистентност – дали движењето и обликот одговараат едни со други или не”, вели коавторот Николаус Tрojе во соопштението. Нашиот визуелен систем е детектор чувствителен на лага кој забележува дури и најмали недоследности и реагира негативно на нив.

Оваа порака е особено важна денес. За оние кои се’ уште не се одлучиле да одат „под нож“, анкетите откриваат дека 1 од 5 жени размислуваат за пластична операција. Истражувачите веруваат дека нивните наоди може да бидат особено корисни за оние кои размислуваат за подобрување на нивниот изглед.

Она што е убаво за една личност, за друга можеби не е. Ако се двоумите, само бидете свои.

Поддржете ја нашата работа: