1. „Arctic Grip“ на Вибрам: Ѓон за обувки што не се лизга на мраз
Arctic Grip на Вибрам е нов тип на гумен ѓон што не дозволува нозете да ви се лизнат додека одите или трчате по заледена површина. Вибрам дизајнирал ѓон што ја имитира шепата од поларна мечка, која има мали папили и криви канџи за да ја зголеми фрикцијата со мразот. „Arctic Grip“ – што свое деби имаше кај шест брендови, меѓу кои „Saucony“ и „Wolverine“, се состои од серија спојки направени од уникатна гумена компонента која кога ќе се притисне врз мразот во дел од секунда се топи и смрзнува, што овозможува поголема површина од спојките во ѓонот да се прилепи за мразот (цена од 150 долари)
2. Заштитна скијачка кацига „Avance “на Џиро: Најбезбедната скијачка кацига
Само две милисекунди се доволни за да дојде до повреда на мозокот при удар на главата. Кацигата „Avance“ на Џиро ја штити главата подобро од бил која друга кацига. Кацигата содржи посебен систем на заштита (Multi-directional Impact Protection System). Внатрешниот дел од кацигата ја држи главата стабилна, додека надворешниот дел ротира. Со овие движења се одбиваат силите кои ги предизвикуваат најтешките повреди на мозокот. Како дополнителна заштита внатрешниот дел е направен од премиум пена, која овозможува заштита од последователните удари (чини 600 долари).
3. „OnCourse“ очила: ГПС за пливачи
За пливачите во отворени води многу е тешко да се пробиваат низ брановите во права линија. Со помош на овие очила пливачите остануваат на патеката без непотребно да излегуваат на површината. За да се постави рутата, се обележуваат попатните точки и со притискање на копче тие се внесуват во електронскиот компас со што се одредува патеката. Правецот се покажува преку жолта, зелена и црвена сијаличка поставени во аглите од наочарите. Зелено светло на двете страни означува дека пливачот е на вистинскит правец, црвено светло на левото око, значи свртување на лево и обратно (200 долари).
4. „BSX LV“ монитор за хидратација: Детектор за дехидратација
Дури и професионалните спортисти понекогаш лошо ја одржуваат хидратацијата на телото. Алката „LVL“ на „BSX“ е првиот уред што може да се носи, кој ја одредува хидратацијата во реално време. Сличните вакви уреди вршат површински мерења на кожата, но „LVL“ ги регистрира промените во бојата на крвта, што претставува индикатор за нивото на хидратацијата. Доколку лицето што го носи почнува да дехидрира, добива порака на мониторот со предупредување дека треба да се напие вода (199 долари).
5. „Sharkbanz“: Алка за заштита од ајкули
Додека се контрахираат мускулите испуштаат мали импулси кои ајкулите можат да ги детектираат, што им помага да го следат својот плен додека се движи низ вода. Sharkbanz – алката содржи моќни магнети кои ја пореметуваат способноста на ајкулите да ги следи овие сигнали, слично како кога силна светлина ќе ви блесне во очи. Но, тоа не му штети на животното (65 долари).
6. Водоотпорна јакна што не поти
Водоотпорните јакни не пропуштаат дожд, но спортистите и велисипедистите што ги користат на крај сепак се утоп мокри од пот. „The North Face и „Gore-Tex“ направиле ултра лесна водоотпорна обвивка која дише. Материјалот содржи микромрежеста основа која овозможува потта да испарува. Кога потта ќе се кондензира, мрежата ја исфрла надвор во вид на испарување. После употребата јакната може да се спакува во џеб (249 долари).