Во новото видео на „Brit Lab“ е прикажано како да уживате во пијалокот без да се oпијаните, а особено се фокусира на тоа како визуелните информации во врска со алкохолот можат да влијаат на тоа колку ќе испиете.
На пример, во 2015 година беше објавено едно истражување кое покажува дека формата на чашата може да влијае на тоа колку брзо ќе го испиете алкохолот (енаука.мк). Луѓето кои пијат пиво, или вино од заоблена чаша ќе испијат повеќе откоку луѓето што пијат од права чаша, веројатно затоа што е потешко да се одреди колку пијачка има во заоблената чаша. Исто така, луѓето кои пијат од чаша на која е обележано колку течност содржи, имаат тенденција да испијат помалку.
Затоа, како прв чекор во вашето вечерно уживање, ако е возможно, изберете да пиете од права чаша, или да знаете колку алкохол конзумирате. Има и многу други совети како паметно да пиете, на пример пијте го алкохолот чист или со коцки мраз, а не го мешајте со друг засладен пијалок. Ова ќе ги намали стомачните проблеми што се резултат на мешањето на алкохолот и шеќерот што може да биде особено дехидрирачки.
Пијте вода помеѓу пијалоците и добро најадете се пред да ја започнете вечерта, затоа што пиењето на празен стомак може да биде особено штетно, бидејќи му овозможува на алкохолот побрзо да стигне до органите.значи добро наполнет стомак е клучот за да не се опијаните брзо, меѓутоа има една народна што вика „оди ќе те стигнам“ или со други зборови после извесно време ако внесете многу голема количина алкохол во желудникот тој најпосле ќе стигне во крвта и можете да бидете пијани долго време.Некои искусни пијачи практикуваат кога ќе испијат поголема количини алкохол и знаат дека цела вечер ќе им биде тешко принудно да повратат кога ќе се приберат дома од вечерното излегување.
И веројатно најдобриот совет е да не мешате различни пијалоци. Ако пиете пиво и виски цела вечер, не додавајте вино или текила.
Има многу причини зошто би требало да научите правилно да пиете, но освен тоа да не се посрамотите, најважни се здравствените причини.
Тинејџерите кои многу пијат се изложуваат на ризик да развијат хронични пореметувања подоцна во животот, како алкохолиза или висок крвен притисок. Во една неодамнешна студија истражувачите откриле дека прекумерното пиење доведува до пре-хипертензија кај младите од дваесет и нешто години. Затоа, откријте што најмногу ви одговара и уживајте во алкохолот без да ги почувствувате неговите штетни последици.